Црногорските хотели нудат 1.200 евра плата за добар готвач

Хотелите на црногорското крајбрежје распишаа конкурси за сезонски работници . Заинтересираните може да аплицираат до 1-ви април, а им се нуди работа од почетокот на мај до крајот на октомври.

Хотелската групација “Karisma hotels Adriatik”, ќе вработи 50 сезонски работници во висококатегоризираната населба ,,Ружа вјетрова“.

Платите за сезонските работници се движат од 700 до 1.200 евра. Плитите се во нето износ, а работодавачот ги плаќа и сите придонеси и такси. Најмногу платени се готвачите, и тие може да заработат и до 1.200 евра плата,пишува новости.рс .

Во Црна Гора има сезонски работници од повеќе земји од регионот, а едни од најбараните се македонските ѕидари и готвачи. Некои од нив со години работата на црногорското крајбрежје.