Чавковистите во УБК не ги даваат крунските докази

Функционерите на ВМРО ДПМНЕ на работа во МВР, не ги даваат круцијалните докази.

Од специјалното обвинителство известуваат дека тимови на СЈО цела ноќ ќе дежураат во УБК се дури не ги обезбедат крунските докази.Ова меѓу другото, го објави СЈО на нивниот ФБ профил. Во пораката се вели:

,,И покрај првичната соработка дојдовме до момент на опструкција да прибавиме специфична информација и докази врз основа на судската одлука. Се работи за специфична информација која е круцијална за нашето работење.

“Ние не се откажуваме додека не ја извршиме судската наредба.” – децидна е Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јавни обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство во текот на целата ноќ ќе дежураат во Управата за безбедност и контраразузнавање, се до конечно спроведување на наредбата.

Во просториите на Управата освен вработени лица од управата, обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, на покана на Директорот, присутни во одредени периоди беа и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и заменскиот министер Оливер Андонов”.