Чавков немал сознанија за инциденти, никој не му јавил

Наспроти бројните снимки на кои се гледа дека полицијата не реагира под налетот на демонстрантите, Митко Чавков тврди дека тој појма немал што ќе се случува:

„Досега оперативниот штаб немаше регистриран инцидент. Немаше дојава за инцидент, затоа полицијата стандардно со ист број на полицајци го обезбедуваше Собранието. За жал по завршувањето на седницата се случија инциденти кои предизвикаа револт кај граѓаните. Какви биле проценките на тие што го планирале сценариото не знаеме, но очигледно тоа ги зголеми безбедносните ризици. Треба време и анализа зошто тие што стоеја зад сценариото тоа го реализираа после 18 часот кога знаат дека тогаш се случуваат протестите. Имаше обиди полицијата да го спречи влезот на масата луѓе, но употребата на сила можеше да предизвика жртви. Полицијата почна со употреба на сила кога беше неопходна интервенција и кога беше загрозена безбедноста на лицата внатре со цел нивна евакуација. Откако тоа се случи полицијата започна со увид и идентификација на осомничените. Истрагата ќе продолжи и ќе се утврдува одговорноста на сите инволвирани“, рече тој.