Чачи од Македонија е вдомен и ужива во Канада (видео)

Ова е уште една неверојатна, но среќна приказна за бездомно куче, кое едвај преживуваше во Македонија поради повредата на рбетниот столб, а неодамна беше вдомен во Канада од млад брачен пар кои дошле како туристи тука и се вљубиле во Чачи. Така го нарекле ултра слабото кутре.

Сега, приказната на Чачи го обиколува светот и веќе е прегледана најмалку милион пати на Youtube …

И на специјализирани страници за животни…

Таткото на Чачи, како што го нарекуваат странските медиуми и блогови, продолжува да ја раскажува приказната на посвоениот Чачи(од чачкалица) и еве го новото видео. Чачи е сега подобар по лекувањето и подобро ги движи своите нозе.