Чедомир Јовановиќ објави слика од болничкиот кревет

Српскиот политичар, лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, по неколкудневна борба со Ковид 19, се огласи на Инстаграм со куса порака и фотографија од болнички кревет.

Тој сѐ уште е на кислородна поддршка.

,,Преморен сум. Успеавме да го сопреме ширењето на запалението на белите дробови. Полека се симнува температурата и се средува крвниот притисок“-порача Јовановиќ од ковид болницата.

Тој уште пишува дека имал несносни болки во мускулите.

Се наоѓа на болничко лекување од 30 јуни.