Честитки од американскиот државен секретар Мајк Помпео за Денот на независноста

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, упати честитки до Владата на РСМ и до македонскиот народ по повод 8 Септември, Ден на државната независност.

,,Во име на Владата на САД, на народот на Северна Македонија му честитам 28 години независност“- се вели во честитката објавена од Стејт Департментот.

Државниот секретар го издвои грчко-македонскиот договор како значаен историски договор.

,,Вашата постојана посветеност на принципите на демократијата и владеењето на законите, придонесуваат не само за иднината на Северна Македонија, туку и за мирот и безбедноста во регионот.

Се радуваме што ќе ве пречекаме како наш 30 сојузник во НАТО“- се наведува во честитката од Државниот секретар на САД, Мајк Помпео.