Четворица Германци во тимот на најсекси фудбалери на Мундијалот

Шпанскиот весник ,,Ел Паис”, според изборот на своите новинарки и читателки, го состави тимот на 11-те најсекси фудбалери кои настапуваат на Мундијалот во Русија. Во него се најдоа петмина Германци, двајца Колумбијци и по еден Шпанец, Полјак, Аргентинец и Француз.

Во најтесниот избор за “тимот на најсексите фудбалери во Русија“ се најдоа:

 Марк Андре Тер-Штеген, Матс Хумелс, Тони Крос и Марко Ројс од Германија, Сантијаго Ариас и Хамес Родригез од Колумбија, Жерар Пике (Шпанија), Каспер Шмајкел (Данска), Лукаш Пишчек (Полска), Паоло Дибала (Аргентина) и Антоан Гризман (Франција).