Би-Би-Си објави дека сопственикот на англискиот фудбалски клуб, Вишаи Сриваданапраба, се наоѓал во хеликоптерот што се урна веднаш по полетувањето од стадионот ,,Кинг Пауер“ по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем.

Со него бил уште еден придружник и двајцата пилоти.

Според сѐ уште неофицијални информации, нема други членови од семејството на загинатиот милијардер, иако со него неговата ќерка многу често доаѓала на фудбалските мечеви и патувала со приватниот хеликоптер.

https://twitter.com/twitter/statuses/1056273992389148673

 

Хеликоптерот по падот, целосно изгоре.

Навивачите на Лестер, утрово, молчешкум и во тага постојано пристигнуваат пред стадионот на омилениот клуб.

Тајландскиот тајкун, Вишаи Сриваданапраба , го купи лестер во 2010 година, по што стана негов претседател. Под негово водство, Лестер во 2016 година за првпат стана шампион на Англија.