Четворица македонски државјани се повредени  и се пренесени во болница по несреќа која се случи  ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави дописникот на БГНЕС. Според извештајот за сообраќајната несреќа на полицијата, таа се случила  23.50 часот минатата ноќ.

Автомобилот со македонска регистрација во близина на храмот ,, Св. Георги Победоносец“, излетал од патот и се превртел неколку пати. Две амбулантни возила од Банско и Разлог пристигнале на местото,а пожарникари со сечење на возилото во пределот за патници,ги извадиле возачот и неговите тројца сопатници.

Четворицата повредени патници  се сместени во болницата во Разлог, и нема опасност за нивниот живот.

Тие се тројца мажи на 48 години и една жена на 41 година, сите со различни повреди-повреди на градниот кош, глава, сомнежи за фрактури на пршлени, како и модринки и повреди на телото и екстремитетите.

Полицијата се сомнева дека возачот возел под дејство на алкохол и затоа е земен примерок за анализа од неговата крв.

Извор: БГНЕС