Четврта светска средба за меѓурелигиски дијалог

Денеска во Битола ќе се одржи четвртата по ред светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

На конференцијата што е во рамки на Глобалната агенда на Обединетите нации и УНЕСКО за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата на УНЕСКО за помирување на културите, ќе учествуваат повеќе од 150 претставници од сите светски религии, невладини организации и експерти од целиот свет.

Централната тема на конференцијата годинава е „Миграцијата и предизвикот на интеграцијата преку дијалог помеѓу религиите и културите“.

Конференцијата ќе заврши со избор на Меѓународен организациски комитет за Петтата конференција и со заедничко усвојување на Нацрт декларација.