Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин зборуваше за критиките од странана на Челзи и Арсенал за местото на одигрување на финалето во Европа лигата, во Баку.

„Англичаните постојано се жалат, за се и сешто, последно е зошто се играше финалето во Баку, знаете, и таму живеат луѓе, и таму се игра фудбал, вака не си помагаат на себе – изјави првиот човек на УЕФА.

Чеферин додаде дека екипите од Русија не би се жалеле нивните клубови да играат во Англија.

„Одлуката да се игра финалето во Баку е донесена пред годинаипол, тогаш во Англија немаше ваков стадион како во Азербејџан, можеби само еден, ние имаме обврска да го развиваме фудбалот насекаде, не само во Англија или Германија, што ќе беше да се играше финале меѓу Зенит и Шахтјор во Лондон, ќе дојдеа ќе одиграа и немаше да има примедби, само Англичаните имаат секогаш примедби“ – заврши Чеферин.