Чилиќ го „турна“ Ѓоковиќ од врвот на АТП !?

Повеќе не е ништо во рацете на Новак Ѓоковиќ.

Енди Мареј ќе биде прв тенисер во светот ако влезе во финалето на Мастерс турнирот во Париз.

Марин Чилиќ го совлада Ѓоковиќ во четвртфиналето на турнирот од серијата 1000 со резултат 6:4, 7:6 (7:2) и ја прекина неславната серија од 14 порази во дуелите со српскиот тенисер.

Чилиќ ја прекина црната низа во најлошиот момент за Новак.

Хрватскиот тенисер во полуфиналето ќе игра против Американецот Џон Изнер кој беше подобар од неговиот сонародник Џек Сок со резултат 7:6 (8:6), 4:6, 6:4.

На Новак сега му останува да навива за противниците на Мареј во Париз, а ако Британецот сепак влезе во финалето, Ѓоковиќ ќе го предаде првото место на АТП листата кое го држи од 5 ноември 2012 година.

Но, без оглед на се, Ѓоковиќ во последните неколку години постигна резултати поради кои никогаш нема да биде избришан од врвот на листата на најдобрите тенисери.