Чифлиганец се овековечи во црквата што ја изгради

Познатиот бизнисмен и сопственик на Адора инженеринг, кој е ктитор на црквата св.Јован Крстител која се наоѓа на почетокот на мостот Близнаци што ги поврзува општините Аеродром и  Ново Лисиче со индустриската зона, се овековечи себеси и семејството со фрески во внатрешноста од црковниот храм.

Црквата внатре е со богат живопис, а над главниот влез има мозаик со ликот на Свети Јован Крстител изработен во византиски дух со позлатени камчиња од Венеција и природни камчиња од Македонија. Во црковниот комплекс има камбанарија висока 18,5 метри, фонтана во облик на крст со три водоскоци, природен камен стар 25 милиони години, тежок 15 тони, донесен од рудникот Бучим во Радовиш со пораките на ктиторот Чифлиганец, а дворот е партерно и хортикултурно уреден со места за одмор на посетителите. Од денес овој православен храм е во надлежност на Македонската Православна Црква.

crkva-sveti-jovan-krstitel-aerodorm-skopje

 

Фотографијата од внатрешноста на црквата на која се гледаат фреските со ликовите на семејството Чифлиганец утринава осамнаа на ФБ , што предизвика бројни коментари, главно саркастични и со негативна конотација.

Ова не е првпат богатите што градат верски објекти своите ликови или имиња да ги остават трајно како фрески на кои се тие ликовите или пак се потпишуваат под фреската што ја донирале .