Членство на ВМРО ДПМНЕ чека наредба да тргне кон Скопје

Стотици членови на ВМРО ДПМНЕ пред седиштето на партијата, подготвено чекаа  да тргнат кон Скопје за да извршат притисок врз Државната изборна комисија ,,да не помисли да ја прекројува волјата на гласачите,, како што велат поддржувачите на оваа партија.

Неколку стотини членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ стоеа неколку часа  пред  штабот на ВМРО ДПМНЕ, како што велат,  подготвени во секое време да ја   бранат победата.

Нема да дозволиме  никој да ја украде победата на народот, велат симпатизерите и членовите на партијата.

Бараат од ДИК, како што велат, да се надмине и да ја прифати волјата на македонскиот народ, бидејќи победата на ВМРО ДПМНЕ според нив, е  кристално чиста.

-Се собравме вечерва да изразиме незадоволство и да кажеме дека ке ја браниме волјата на народот во Македонија. Македонците кажаа референдумски ДА за политиките на ВМРО ДПМНЕ и ова што се прави сега  е смислено сценарио сета таа нивна волја да не биде испочитувана. Тука сме ние подготвени да ги браниме правата на македонскиот народ – изјави Љубен Арнаудов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Арнаудов  вели дека се собрале спонтано, мегутоа на социјалните мрежи можат да се видат повици на СМС пораки, а има информации дека се подготвени автобуси за тргнување за Скопје во секое време , а некои без да знаат дека седницата на ДИК е одложена веќе  тргнале.