Човекот што се самоуби пред српското Собрание претходно извршил убиство

По вчерашното шокантно самоубиство со пиштол во главата пред српското Собрание, полицијата го реши и убиството од пред два дена во Стара Пазова.

Имено, како што информираат српските медиуми, В.Ш. од Стара Пазова кој се самоуби, го извршил убиството врз 48 годишниот професор на Факултетот за физичка култура во Белград, Дејан Илиќ.

Убиениот Дејан Илиќ

Неговото тело беше пронајдено во канал во Стара Пазова, иако се претпоставуваше дека се самоубил, обдукацијата покажала дека е убиен со огнено оружје.

Истрагата на полицијата покажала дека двајцата работеле на продажба на стари автомобили, а кобниот ден Илиќ дошол во Стара Пазова да ги побара парите што му ги должел 42 годишниот Властимир Шевер.

Настанала кавга, по што Шевер пукал во Илиќ, а потоа со истиот пиштол се самоуби пред Собрание на РС.