Прилогот на АлсатМ кој открива интересни моменти за крвавите настани, меѓу другото, прикажува еден интересен детаљ на почетокот од снимката кадешто се гледа како Филип Петровски од ВМРО ДПМНЕ и актуелен директор на Државниот архив забрзано со Ивона Талевска влегуваат во Собранието заедно со масата народ, а потоа  се изврши насилството. Веднаш зад нив се гледа човек со кариран качкет на главата како исто така забрзано ги следи .

Image may contain: 1 person
Image may contain: 4 people, crowd

За да го видите прилогот притиснете на Watch on YouTube подолу:

Истиот човек, со истиот кариран качкет на главата, но сега со јакната врзана преку појас, со телефон го снима влечењето на претепаниот Зијадин Села низ ходниците во Собрание. Сосема на почетокот од видеото лицето кое најверојатно му е обезбедување на Филип Петровски, стои до скалите и го регистрира чинот на пренесување на Села, за кого демонстарнтите и тепачите мислеле дека е мртов. Неговото присутво може да се забележи и кон крајот од видеото:

За нас е непознато дали човекот со качкет на главата некаде во меѓувреме се разделил од  Филип Петровски или пак и тој е некаде во близина. Повеќе од очигледно е дека Петровски е во тесна корелација со него и дека веројатно бил добро информиран за се што се случувало низ Собранието на крвавиот четврток.

АКО.мк