Ова е денешната , но и секојдневна слика на Шар Планина. Планинари постојано го документираат секојдневното уништување на планината, но никој не презема ништо. Ниту се спречува палењето на шумите, нивното сечење и загадување на планинските извори и реки со диви депонии на секој чекор.


Планинарите алармираат постојано дека планините , а посебно Шара, се секојдневно силувани на различни начини.

,Додека планинаревме вчера во ниту еден момент не престанаа да работат моторните пили, да се слушаат истрели од автоматско и рафално оружје, а во еден момент пламна голем дел од шумата во атарот на селото Вејце. Од реакциите на локалното население е очигледно дека се работи за секојдневие, односно business as usual. Ѓубрето е посебна приказна. Ќе се позанимава ли некој од надлежните со ова дивеење?“-прашува планинарот Коста Ивановски , од кого ги позајмивме овие фотографии и снимки.