Шарена поддршка за Павле Богоевски

Во Основниот суд Скопје1-Скопје на 5 ти октомври во 11 часот, закажано е судење на Павле Богоевски за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Како еден од најекспониораните учесници во Шарената револуција, тој ја доби поддршката од другите соучесници кои повикуваат на протест пред судот:

,,Еден за сите, сите за еден!
На 05.10.2016, Среда, во 10:45 ние ќе бидеме заедно со нашиот соборец Павле Богоевски, пред Основниот Суд Скопје 1. Ве повикуваме да ни се придружите.
Продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кримични дела!
Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда.
Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд!
До тогаш, ако НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!”-се вели во повикот за протест.