,,Шарениот“ Александар Донев ја издува револуцијата летајќи во Аргентина со бизнис класа(видео)

Кој е Александар Донев, којшто успеа да предизвика револт заради патувањата со бизнис класа, се разбира на државна сметка како в.д. директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Во дел од јавноста познат како учесник на ,,Шарена револуција“, којшто низ улиците на Скопје се ,,бореше„ за слобода, правда, против криминалците од тогаш владејачката ВМРО ДПМНЕ и им порачуваше ,,че си лежите“.

Еве што зборуваше Александар Донев кога беше ,,шарен револуционер“.

Но, информацијата којашто прв ја објави адвокатот Александар Тортевски на твитер дека..

  1. Слушам дека новопоставен директор од Шарена револуција за 3 месеци патувал во Лондон,Јапан и Аргентина и се СО БИЗНИС КЛАСА.ДОМАЌИНСКИ…..

    ..предизвика негодување и осуда во јавноста.

     

Директорот на државната Агенција за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев вели дека само до Буенос Аирес, Аргентина, летал со бизнис класа. На сите други патување летал со економска класа или со нискобуџетни летови, објави потоа СДК.

Донев за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека летал до Аргентина, каде што во октомври присуствувал на Светскиот самит за авантуристички патувања, со бизнис класа , бидејќи летот бил долг повеќе од 17 часа, а на самитот имал голем број состаноци.

„Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги реализира буџетските трошоци строго наменски и домаќински. Првпат летав со бизнис класа за Аргентина бидејќи патот е долг, повеќе од 17 часа, а имав набиена агенда, голем број состаноци кои бараат ефикасност. На сите други патување сум летал со економска класа или со нискобуџетни компании“, вели директорот Донев по прозивките на социјалните мрежи.

Авионската карта до Аргентина во бизнис класа е 30 отсто поскапа од онаа во економска класа, односно економска класа чини околу 180.000 денари, а бизнис околу 220.000 денари.

 

Донев, пред да стане директор во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, покрај тоа што учествуваше во Шарена револуција, бил претседател на здружение за промоција и поддршка на одржлив туризам и одговорни активности во природа „Мастсидонија“ (Mustseedonia) и консултант на повеќе меѓународни проекти за туризам.

Но, се поставува прашање што е приоритет на Агенцијата за промоција на туризмот, чиј в.д. директор е сега Александар Донев, дали како В.Д. е потребно толку да патува и да ,,промовира“ ,,авантуристички патувања“ и какви авантури промовирал или ќе промовира, кои  се ефектите од овие патувања, колку пари се потрошени на тие патувања и слично.

Ова не е прво кадровско решение во Владата на Заев, кое ја иритира јавноста со своето однесување или со начинот на кој ја практицираат или не знаат да ја практицираат власта и функциите и позициите на кои се поставени.

Со право може да се постави прашањето за квалитетот на дел од кадровскиот потенцијал во Владата на РМ и особено голем дел од поставените ,,шарени“ револуционери на разни позиции.

АКО.мк

 

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com