Бурни реакции предизвика филмското бегство на Никола Груевски, кој веќе се наоѓа во Будимпешта и бара азил.
Бројни коментари на незадоволство и обвинување до актуелната власт, посебно до министерот Спасовски,но и судството ги преплавија социјалните мрежи.
Голем дел од членството на СДСМ е луто и бара одговорност, а дел од поддржувачите на Груевски го величат и слават неговото бегство.
Еден од водачите на Шарена револуција, Владимир Христовски и член на СДСМ, најавува активирање на протсетите.
,,Јас како водач на Шарена Револуција ви кажувам дека малку фали за кратко пак да биде активирана и да спремен сум да организирам и водам протести ова е веќе премногу за да помине така“-пишува Христовски на неговиот профил.
Тој ги предводеше протестите на Шарена револуција во Велес, но често и во Скопје..