Шарените се ,,потпишаа” на судот

Вториот обид за почеток на судско рочиште во кое е обвинет активистот на Шарената револуција, а сега кандидат за пратеник, Павле Богоевски, е одложено за 21 декември.Богоевски е обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите.

Судијката го одложи судењето за 21.декември откако обвинителката достави вештачење за штетата, изготвено според датумот, на 5 мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението.

Вештачењето беше изненадување за судијката и за одбраната откако минатиот пат судењето се одложи поради тоа што Министерство немаше пријавено штета во обвинителниот акт против Богоевски.

Сега, според вештаќењето ѓтетата е проценета на 378 илјади денари, а во обвинението пишува дека е причинета значителна материјална штета.

Вештачењето го поднесе обвинителката, која тврдеше дека и таа го добила дури на деветти овој месец, а Богоевски и Судот, првпат дознаа дека постои на денешното рочиште.

Богоевски не даде изјава, бидејќи е кандидат за пратеник и би го скршил Изборниот законик. На судењето дојде и повиканиот претставник од Министерството за култура, кој требаше да даде изјава пред судот колкава била материјалната штета врз фасадата на оваа зграда која се смета за споменик на културата.

Седум учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основано сомнение дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Кривичните пријави се за протестот на 18 април кога беше исфарбана фасадата на Министерството за култура.