Шведска повторно воведува воена обврска

Осум години откако ја укина, шведската влада објави дека од 2018 година повторно ќе воведе воена обврска.

Одлуката треба да биде усвоена од Парламентот, но се очекува дека левицата која сега ја предводи владата, да добие поддршка десно центристичката опозиција.

Оваа скандинавска земја која не војувала на своја територија во минатите два века, воената обврска ја укина во 2010 година, надевајќи се дека така ќе создаде нов приод во формирање на војската.

Но, искуството покажа дека бројот на доброволци не е доволен за да се одржи потребниот квалитет на војската.

Се планира по 2018, секоја година да бидат повикувани по 4000 момчиња за служење воен рок, а ќе ги опфати оние родени по 1999 година.

.