Цело шведско семејство загина во падот на украинскиот авион во Техеран.

Рахела (37) и Микаел (40) Линденбергс, со синовите Ерик (9) и Емил (7) загинаа во “Боингот 737“ кој се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран, пренесува Мирор.

Во авионот имаше 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Во авионската несреќа загинаа 17 деца.

Извор: Агенци