Шекеринска: Вас ве остави да се брукате , тој си замина на Малта да поплива малку

,,Мислам дека е време да му посакаме се најдобро на ВМРО ДПМНЕ кој денеска објави дека заминува во опозиција. Тешко им е на сите да заминат. Тешко му е на Трајко Вељановски да замине од фотелјата што незаконски ја држи, тешко му е на Никола Груевски да замине во опозиција . Но,  додека тој заминува во Малта да поплива малку, си ги остава пратениците да се срамат со бескрајни реплики и контрареплики, а него амбасадорот на Македонија, а  не на ВМРО ДПМНЕ го пречекува во Истанбул.

Луѓето кои 10 години навикнаа да бидат Господ, сега  не знаат џентлменски да го признаат поразот. Но, ќе имате 4 години во опозиција да се навикнете и ќе видите дека нема ништо страшно во тоа. Единствени кои немаат време за кои часовникот отчукува се тие кои се плашат од кривични пријави за милиони евра криминал, а вие овде ќе се брукате. Но, тоа е ваша одлука, наша одлука  е да се погрижиме Македонија да не тоне во оваа криза која вие и ја посакувате на Република Македонија…“-рече пратеничката Радмила Шекеринска во Собрание.