Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска , вчера присуствуваше на отворениот ден на Обуката на копнени сили на САД што се одвива на армискиот полигон „Криволак“. Армискиот полигон „Криволак“ за првпат се користи од страна на хеликоптерски единици за копнена поддршка на САД, откако неодамна беше сертифициран од страна на 7-мата Команда за обука на копнени сили на САД во Европа. Тоа претставува важен момент за способноста на Македонија да биде домаќин на воени тренинзи на овој полигон, смета Шекеринска.

Министерката облече и воена опрема, и на момент почувствува како е да се биде војник во вакви услови и на оваа температура.