Шестгодишно момче е меѓу убиените на фестивалот на лукот во Калифорнија

Едно шестгодишно момче е меѓу тројцата мртви во вооружениот напад на фестивалот на лукот во Калифорнија.

Шестгодишниот Стивен Ромеро бил убиен кога еден човек, опишан од сведоци како белец и на возраст меѓу 20 и 35 години, отворил оган на фестивалот на храната кој се одржувал во малото калифорниско место Гилрој.

Напаѓачот пукал со полуавтоматска пушка врз гостите , вчера околу 18 часот по локално време .

Мајката на Стивен е меѓу 15-те повредени .

Таа била застрелана во рацете и стомакот , а неговата баба во нозете. И двете се пренесени во болница.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е застрелан на местото на настанот.

Таткото на Стефан ја сподели фотографијата од својот син на социјалните мрежи, прашувајќи што тој сторил некому за да биде свирепо убиен на еден фестивал на кој се слави храната и на кој доаѓаат луѓето за да уживаат.