Шеталиштето на кејот на Вардар забрзано се оградува заради градење сообраќајница

И покрај најавите дека за утре, понеделник 20.03.2017, е најавена вонредна седница на Совет на општина Центар на која се очекува да се преземат мерки за стопирање на градба на нова сообраќајница на централниот плоштад во Скопје, , и денеска, во недела, работници работат на оградување на поголем дел од пешачката зона на кејот на Вардар зад трговскиот центар.

Тука град Скопје почна да гради сообраќајница за потребите пред се на Телеком чија зграда се наоѓа на плоштад ,,Слобода“, но и за другите објекти изградени во меѓувреме.

Поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ го измени ДУП за да може да се вметне улица во овој дел од центарот на Скопје. Град Скопје сега тврди дека тие врз оваа основа се должни да издадат градежна дозвола.

Во меѓувреме граѓанска иницијатива за спас на шеталиштето најавува дека со жив ѕид нема да дозволи узурпација на оваа пешачка зона.