Шефот на италијанската мафијашка организација ,,Ndrangheta“ избега од затвор во Уругвај

Еден од најбараните и најозлогласени мафијаши во светот, Роко Морабито, избега од затвор во Уругвај додека чекаше екстрадиција за Италија.

Директорот на затворскиот систем во Монтевидео, главен град на Уругвај, поднесе оставка по ова спектакуларно бегство.

Морабито заедно уште со тројца затвореници, успеал да избега од затворот во понеделникот наутро.

Роко Морабито е шеф на италијанската криминална организација ,,Ндрагента“, позната по бројни убиства и шверц со дрога.

Тој се наоѓа во бегство уште од 1994 година, а во Италија во отсуство е осуден на 30 години затвор за шверц со дрога.

Морабито беше уапсен во Уругвај во 2017 година.

,,Ндрагента“ е една од најголемите светски организации кои се занимаваат со трговија на кокаин.

Се смета дека нивниот шеф има клучна улога за трговија со дрога од Јужна Америка во Милано.