Шеќеринска: Имаме заедничка цел, но тукушто почнавме да разговараме(видео)

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска по средбата со ДУИ рече дека не се точни информациите во јавноста дека е се договорено со ДУИ и тукушто не е објавена новата Влада. Ние сме на почеток од разговорите, рече Шеќеринска.

Во продолжение е нејзината изјава и одговори на новинарски прашања:

,,Денеска имавме средба со претставниците на ДУИ на која што дискутиравме за актуелната ситуација во која што Иванов одлучи да не го почитува Уставот и да не го додели мандатот на втората по ред парлементарна партија. Сметаме дека овие средби и разговори ќе продолжат, дискусиите се водат во двете политички партии, но сметаме дека целта ни е заедничка. Македонија да излезе од оваа политичка криза, час поскоро да добие влада која ќе се посвети на реформите, на подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и шанса за сите да озбезбедат вистинска егзистенција во рамките на својата татковина. На сите овие теми ќе дискутираме следниот пат.