Шилегов: Вие сте срам за Mакедонија, да ја сакавте немаше толку немилосрдно да ја пљачкате!

,,Кои сте бре вие, што се замислувате? Кои сте вие да ни кажувате нам останатите како да живееме, па уште ќе ни кажувате со каква политичка програма да настапуваме пред граѓаните?! Да се превртите овде на говорница, па не може нам да ни импутирате нешто што не сме рекле или не сме направиле. Вие сте срам за Македонија, да ја сакавте немаше толку немилосрдно да ја пљачкате„-рече вчера во Собрание пратеникот од СДСМ Петре Шилегов.

Денеска е 14 продолжение на седница на Собрание на која треба да се избере нов собраниски претседател.