Шилегов: Во недела да ставиме крај на мачната приказна со Трајановски(видео)

Денеска ја завршуваме кампањата после 20 интензивни денови на митинзи, собири, средби со вас, и кампања врата на врата во сите делови на градот Скопје.

Би сакал да им се заблагодарам на сите волонтери, активисти, кандидати за советници и градоначалници низ скопските општини кои дадоа се од себе во изминатиов период да донесат живот во Скопје за сите.
Би сакал да укажам на тоа дека овие избори ќе бидат одлучени од излезноста, а не од општото негативно расположение на граѓаните кон Коце Трајановски-рече Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ и ги повика граѓаните да го дадат гласот за СДСМ и коалицијата на овие локални избори.

,,Само гласот на оние кој ќе излезат на гласање ќе биде изброен. Ако преспиеме во недела, можеме да се разбудиме во мрачен понеделник, со градоначалник што ќе прави повеќе од истото, ќе сече паркови, дрвореди, ќе го продолжи Скопје 2014 и нема да направи ништо во врска со загадувањето.

Од друга страна вашата голема излезност, дава можност да се надеваме, на победа и во првиот круг. Победа за нови градски политики, победа за град коишто ќе работи за вас. Победа за дополнитени 15 дена, за повеќе чекори во намалувањето на неизбежното загадување на Скопје во оваа зима.

Затоа ги повикувам граѓаните на Скопје, во недела, да му стават крај на самоволието на Никола Груевски и Коце Трајановски во Скопје. Да и ставиме крај на оваа мачна приказна и конечно да ја оставиме зад нас. Да свртиме нова страница и заедно да изградиме, функционално и модерно Скопје, Скопје кое што работи за вас. Во недела да го заокружиме бројот 19 и заедно да го донесеме животот за сите во Скопје“.