Шилегов ги повикува граѓаните да се јават за подигнување на кабаст отпад

Фотографот на Град Скопје денеска, заедно со екипи на ЈП „Комунална хигиена“, беше на терен кај скопјани кои ја искористија новата услуга за подигнување на кабастиот отпад од вашиот дом, со повикување на бесплатниот телефонски број 0800 222 33.

,,Благодарност до моите сограѓани кои ја искористија оваа нова услуга на ЈП „Комунална хигиена“ и ги повикаа нивните екипи за правилно отстранување на кабастиот отпад. Фрлањето кабаст отпад е честа и штетна појава низ градот, бидејќи неправилното одложување на отпадот резултира со создавање диви депонии и загадување на животната средина. Ги повикувам моите сограѓани коишто имаат потреба да се ослободат од својот стар мебел и неупотребливите електронски и електрични уреди, да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 и да ја нарачаат услугата за подигнување и транспорт со специјалните возила на ЈП „Комунална хигиена“ и грдите слики од расфрлан кабаст отпад низ градот да станат минато“-порачува градоначалникот Петре Шилегов.

Гаражите низ Скопје се претворени во депонии