Шилегов: Господине Груевски вашиот братучед Мијалков купи неколку бензински пумпи

Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов од собраниската говорница ги повика пратениците од ВМРО ДПМНЕ да престанат да ги штитат криминалите на високи функционери од нивната партија. Тој рече дека е недозволиво ова што го прават одолговлекувајќи го конституирањето на новото парламентарно мнозинство, притоа правејќи се сооучесници во богатењето на дваесетгодишници во овој меѓупериод кои купуваат нафтени компании, а случајно се деца на високи оки функционери од ВМРО ДПМНЕ.

Му реплицираше Крсто Муковски пратеник од ВМРО ДПМНЕ  на Шилегов дека тие си земале плата порано без да доаѓаат во Парламент во минатиот состав и тогаш не биле загрижени за државата и буџетот. Вие ги поддржавте шарените кои направија милионски суми штета на државните институции. Смешно е вие да зборувате за криминал, рече Муковски.

Тогаш излезе Шилегов и директно му се обрати на Груевски со зборовите:

,,Господине Муковски, не знам колку е штетата од Шарена револуција, но знам дека вашиот Мијалков во јануари оваа година зараборил 6 милиони евра, дури овде вие ги браните нивните криминали. Господине Груевски вашиот братучед има купено бензински пумпи, ако не знаете ќе ви ги дадам документите на пауза“-рече Шилегов.

АКО.мк