Шилегов: Град Скопје обезбеди пари за чартер летот на Вардар, се гледаме на плоштад ,,Македонија“

,,По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје!

Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.

Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.

Спортот обединува.

Се гледаме вечерва на градскиот плоштад ,,Македонија”“-соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов , на социјалните мрежи.