Без влакна на јазикот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, говореше за непринципиелната политика на Бугарија кон Македонија.

,,За позициите на бугарската дипломатија за почеток на преговорите за полноправно членство, за неприципелноста на бугарската политика и за сите отворени позиции кои што оправдано ја брануваат нашата јавност (за нашата самобитност, за нашите македонски корени, за Тито)“- објави Петре Шилегов.

Разговорот на овој линк:

https://www.vbox7.com/play:0cb7806ce2

(Првите неколку минути има прекин во телефонската врска. Интервјуто почнува некаде околу 4 минута)

Изместувањето на тезите е всушност барање алиби за глупоста.

,, Она што се случи во Скопје на 13, односно на 14 ноември е дека се отвори изложба која беше дојдена од Белград од поставката на постојниот музеј на Јосип Броз и ништо повеќе. Меѓутоа, сега, барајќи алиби за сопствената глупост, едноставно, ќе ги извртуваме тезите, ќе ставаме во контекст и ќе правиме обиди да објаснуваме необјасниви позиции на Република Бугарија во однос на почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за полноправно членство со ЕУ“,

вели Шилегов.

Шилегов во интервјуто ги коментира забелешките на водителот, кој констатира дека во ослободувањето на Скопје во 1944 година учествувале и бугарската војска.

„Да се разбереме, Скопје го имаат ослободено партизанските единици на Народно-ослободителната војска на Македонија, придружувани или во дел од трансформираната бугарско-окупациска војска. Она што се случува во 1941 година е окупација на Македонија од страна на царската бугарска војска, која потоа во 1944, поради сплет на околности, се трансформирала во Отечествен фронт. Тоа се работи кои де факто се случиле и ние не треба околу тоа да мижиме, меѓутоа да се зборува дека окупаторите кои се трансформирале во Отечествен фронт биле дел од ослободување на Македонија, на Скопје, е непринципиелна позиција. Тие биле тука затекнати како окупациска војска и ја следеле глобалната политика што се случувала во Бугарија во тој период“, вели Шилегов.

Коментирајќи ја позицијата со која се настојува Бугарија да не биде третирана како држава окупатор, туку како бугарска администрација, градоначалникот во интервјуто порачува дека неговиот град во тој период загубил околу 5 000 жители од кои 950, „во борби со администраторите, како што ги нарекувате вие“-рече скопскиот градоначалник.

„Разбирам дека Бугарија е во предизборие, разбирам дека во тоа предизборие веројатно се користат секакви аргументи, но мора да внимаваме на чувствата на соседите. Не мислам дека е принципиелна позиција да го оцрнувате својот сосед заради сопствени лични политички потреби. Замислете ние во кампања во Македонија да користиме антибугарски позиции. Недозволиво е“, вели Шилегов.