Шилегов: Иванов ги крши Уставот и законите и ги доведува во опасност граѓаните и државата!

Ѓорге Иванов нема право политички да дискриминира-реагираат денеска од СДСМ по вчерашното одбивање на Ѓорге Иванов како Претседател да му го даде мандатот на Заев за состав на нова Влада откако претходно тоа не му успеа на Никола Груевски.
,,Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата. Оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев.

Ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Иванов, за што се одговара и според Уставот и според Кривичниот законик.

Со своето однесување, Иванов и во овој случај, како и претходно со аболициите, јасно се става во одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Со тоа Ѓорге Иванов ги доведува во опасност и граѓаните и државата!кажуваме дека Ѓорѓе Иванов ги крши Уставот и законите и дека тоа повлекува одговорност за Иванов!,,-изјави Шилегов.

Шилегов одговори и на некои  новинарски прашања:

Медиуми: Господине Шилегов дали почнавте веќе да собирате потписи?

Шилегов: Граѓаните во текот на предвремените избори во голем број гласаа за промени, граѓаните не треба да се загрижени. СДСМ работи на изнаоѓање на решение коешто ќе доведе до брзо, ефикасно формирање на нова влада, којашто влада ќе ги надмине проблемите во Република Македонија и ќе го подобри животот на граѓаните.

Медиуми: Тоа значи дека можете да обезбедите парламентарно мнозинство?

Шилегов: Секоја информација која ќе биде зрела за споделување, ја споделуваме најтранспарентно. Повторувам, не треба да се грижат граѓаните, СДСМ работи на изнаоѓање на решение коешто ќе дојде до формирање на нова влада.

Медиуми: Како ги коментирате условите кои треба да бидат содржани во програмата според Иванов?

Шилегов: Ниту во Уставот, ниту во Законот за Влада, не постои обврска на мандатар да презентира било каква програма до Ѓорѓе Иванов. Програмата се презентира до пратениците и таа е предмет на усвојување од страна на Собранието, не од страна на Иванов.

Медиуми: Дали ќе поднесете барање за одговорност за претседателот Иванов за овие постапки?

Шилегов: Ѓорге Иванов е за жал, лик, којшто ја одбележа заштитата на криминалот на Никола Груевски. Тој заминува во политичката историја во истиот момент кога тоа ќе се случи со Никола Груевски со формирањето на новата влада.

Медиуми: Дали ако формирате нова влада, точни ли се информациите дека ќе има реизбор на голем број судии?

Шилегов: Една од програмските определби на СДСМ беше целосен реизбор во судството во Македонија-рече Шилегов.