Шилегов: Милошоски се подготвува да работи како нотар

 

Најблиските соработници на Никола Груевски први го напуштаат бродот на криминалната банда и се подготвуваат за опозиција. Прв повлече нога еден од најблиските соработници на Груевски, носителот на листа
Антонио Милошоски.Милошоски, според овој документ издаден завчера, ќе работи како нотар-изјави портпаролот на СДСМ и носител на листа за ИЕ 6 Петре Шилегов.

Ова е официјален документ од Министерството за правда, според кој министерот за правда само ден по изборите, формирал комисија за да изврши проверка на просториите и опремата во кои ќе се смести новиот нотар, Антонио Милошоски-рече Шилегов.

,,Од документот се гледа дека Министерството за правда побарало од Нотарската комора на Македонија увид во условите за работа на Милошоски како нотар уште пред изборите, на 7 декември.

Значи Антонио Милошоски ги лажел граѓаните кога им ветувал дека ќе ги застапува нивните интереси во институциите. Ова уште еднаш ја покажува дволичноста на Груевски и соработниците кои мислат исклучиво на своите интереси и ништо друго.

Тука некаде, на улица Орце Николов бр 20/2 е канцеларијата која е запишана во овој документ, а во која нотарски услуги ќе дава носителот на ИЕ 5 на ВМРО-ДПМНЕ, соработникот на Груевски, Милошоски.

Вчера, два часа пред Влатко Ѓорчев да излезе на невротичната и панична прес конференција, комисијата од Министерството за правда била во овие простории да ги утврдува условите за новата нотарска работа на Милошоски.

Ете затоа е паниката во ВМРО-ДПМНЕ.

Режимот тоне,,- рече Шилегов на прес конференција пред просториите каде треба да биде нотарската канцеларија на Милошоски.