Шилегов не признава пораз, најавува дека СДСМ ќе ја состави идната Влада

Носителот на листа на пратеници на СДСМ за ИЕ 6 Петре Шилегов рече дека резултатот од прегласувањето е порака дека ќе има одговорна влада , ново владино мнозинство.

Гласањето овде е повеќе симболично, а новата Влада ќе ја предводи СДСМ рече Шилегов.

Тој рече дека Груевски излажа дека ќе бојкотираат , па овде масовно гласаа, дури повеќе од минатиот пат. Зборот на Груевски не значи ништо-рече Шилегов.

Остваривме резултат за 170 гласови повеќе од минатиот пат-рече Шилегов.

Нема објаснување како СДСМ планира да ја состави идната Влада. Шилегов најави дека тоа наскоро ќе и биде објавено на македонската јавност.