Шилегов објави дека наскоро ќе почне реконструкцијата на стационарот ,,Лајка“

,,Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме.

А да. 🙂 Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани …“-објави градоначалникот Петре Шилегов.

,,Лајка“ е новото име на ,,Вардариште“. Неодамна градот формираше ново ЈП и ја назначи Тина Петрушевска да раководи со овој стационар за улични кучиња „Лајка“. Откако на 28 февруари Советот на Град Скопје ја усвои одлуката за формирање на ново јавно претпријатие, градоначалникот Петре Шилегов ја назначи Петрушевска за в.д. директорка на „Лајка“, а како што најави членови на управниот одбор ќе бидат граѓанските активисти и здруженија.