Шилегов побара оставкa по сообраќајната несреќа на Спасов

 

Диме Спасов да се повлече и да одговора, побара портпаролот на СДСМ Петре Шилегов по сообраќајната несреќа што ја направи дополнителниот заменик министер  со службен џип во алкохолизирана состојба.

Тој изјавата ја даде на местото каде Спасов удри во неколку возила, а потоа избега од местото на настанаот, оставајќи ја сопатничката да се распарава со полицијата.

 

,,Уште колку жртви треба однесат овие луѓе со сопствената аздисаност?

Што ако на улицата, на овој паркинг имало деца, тинејџери, граѓани? Дали и тогаш ќе избегал?

После сообраќајката Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвна неодговорност на кадрите во оваа Влада, којашто така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек.

Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување! Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имот на граѓаните, на имотот на Република Македонија.

Диме Спасов ќе мора да понесе одговорност за синоќешниот инцидент. Му препорачуваме да се повлече и да не се појавува во јавност. Тој повеќе нема никаков морален и политички кредибилитет да зборува за грижа за граѓаните. Затоа што на дело што се виде како се грижи за нив. Ќе нанесе штета и ќе избега.

Македонија не заслужува ваква неодговорна власт.

Власта на Груевски не смее повеќе да ја води државата” -рече Шилегов.