Шилегов: Постојат индиции за сериозен криминал во ,,Дрисла“ и сомнеж дека се гори радиоактивен отпад(видео)

 

Постојат сериозни  индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица со работењето на ,, Дрисла’, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје, изјави градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24.

Италијанскиот стратешки партнер во ,,Дрисла“ е 80 проценти сопственик, градот е 20 посто сопственик и тоа со одлука на претходниот Совет на Град Скопје. Но, според фактичката состојба ,  капиталот на градот, според сите вложувања е 2.000.000 евра, а фирмата на стратешкиот партнер  тежи 10.000 евра. Зголемување на сопственоста тебала да се зголемува согласно вложувањата, но според досегашните сознанија, тоа не е случај. Шилегов во интервјуто за ТВ24 зборуваше и за загадувањето предизвикано и од ,,Дрисла“, вклучително и согорувањето на увезен отпад.

Постојат шпекулации дека има радиоактивен отпад и е дел на анализа на повеќе институции. Проблемот со ,,Дрисла“  ќе биде решен многу бргу. Се истражува и финансиксото работење, но и дали и кој, и како го труел во изминатите години Скопје-рече Петре Шилегов , градоначалник на Скопје во интервју за ТВ 24.

Извор:ТВ24