Шилегов се прости од неговиот заменик Енвер Малиќи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, потврди дека неговиот заменик градоначалник, познатиот бизнисмен, Енвер Малиќи, починал од компликации на Ковид 19.

,,Некогаш зборовите не можат да ги искажат чуствата кои што ги имаме кон блиските во нашите животи. Секогаш ведар, секогаш насмеан, секогаш со млад дух.

Денес загубив добар пријател !

Почивај во мир Енвер, пријателе мој !“-напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Малиќи беше именуван на функцијата заменик градоначалник лично од градоначалникот Петре Шилегов во 2017 година.

Во 2018 година беше назначен за почесен конзул на Мексико во Македонија.

Енвер Малиќи беше сопственик на фирмата „Гемак трејд“ и на хотелот „Парк спа” на кејот на Вардар во Скопје.