Вардар за четири дена одигра два тешки натпревари, и по трумфот над Монпелје беше тешко да се одигра на исто ниво, особено кога веќе сме сигурни учесници на Ф4 турнирот, и поради повреда недостасуваат три важни играчи во тимот. Мешков триумфираше во Скопје, 32-30 што беше трет пораз за „црвено-црните” сезонава во СЕХА лигата.

Сега остануваат уште две гостувања кај Нексе и кај Извиѓач по што ќе се знае и кој ќе биде ривалот во полуфиналето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.


„Беше тешко да се игра на ваква средба после дуелот против Монпелје. Ни беше тешко да се подготвиме за овој натпревар бидејќи ние веќе бевме на Ф4-турнирот. Мешков Брест дојде со многу желба и играше силно во текот на сите 60 минути бидејќи победата денеска им беше максимално потребна. Ние се трудевме до крајот од мечот, но имавме една грешка повеќе на крајот и тоа пресуди за да го загубиме овој натпревар” – изјави Данил Шишкарев – играч на Вардар

Фото и текст: rkvardar.mk