Шокантна приказна на К8ТВ: Кочанчанец силува, изгладнува и малтретира кучиња!(видео)

Кочанската локална телевизија Канал 8 ТВ, објави шокантна приказна за Николчо Тарџиманов, кој според сознанијата на Здружението за заштита на животни ,,Втора Шанаса“, силува и малтретира кучиња.
,,Продолжува страшната голгота  на врзувани, изгладнувани, трауматизирани и силувани кучиња, оставени без храна и вода. Кучиња кои преку ноќ исчезнуваат и на кои им се губи секоја трага.

Таква е сликата во напуштениот објект на улица „Скопска“ во Кочани каде што злоставувачот Николчо Тарџиманов, секојдневно носи нови кучиња, ги малтретира, врзува и силува и ги остава да умрат од глад и жед. Пред два дена силувал и до смрт измачил уште едно куче.- Пред два дена во трговскиот центар во Кочани Николчо остави уште едно кученце, измачено и силувано. За кратко време почина. Николчо и понатаму си продолжи да ги силува кучињата, а никој ништо не презема, рече Викторија Апостолова, активист во здружението за заштита на животните „Втора шанса“ Кочани.

Камерата на оваа тв, заедно со екипите на Здруженијата за заштита на животните минатата година го регистрираше објектот каде што ги малтретира кучињата, а околу можеа да се забележат фрлени убиени кучиња од каде се шири неподнослива реа на мртвило. Кучињата беа цврсто стегнати околу вратот со жица, без простор за воздух, дехидрирани, измачени, тепани, малтретирани без храна и вода, врзани под креветот. И после тоа никој ништо не презеде да се спречи малтретирањето на невините животни.

Активистите на Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ од Кочани секојдневно добиваат закани од лицето дека ќе ги нападне и нив ако го пријавуваат во полиција и ако му ги земат кучињата. Затоа тие бараат поголема соработка од полицијата.

– Имаше случај кога тој не фати како ги ослободуваме кученцата од кај него и ни се закани дека и нас ќе не убие и ќе не силува ако продолжиме да им помагаме. Познат е на полицијата и замолуваме да преземе нешто, оти ние без нивна помош не можеме сами, ќе не убие и нас, додава Апостолова.

Граѓаните и станарите зад камерите коментираат дека стравуваат од можен напад врз дете, бидејќи секојднесвно гледаат остатоци од тела на мртви кучиња, распаднати трупови, расфрлани екстремитети, празни шишиња, пиво и искористени кондоми. Пред три години за ова зборуваше и го потврди и неговата мајка, но бидејки ја малтретира и неа и таа не смее јавно да го искаже проблемот.

Минатата година членовите и активисти на здруженија за заштита на животните одржаа протест во Кочани поради нереагирањето на надлежните институции против постапките на Николчо во врска со изживувањето врз животните. Тие побараа од надлежните да реагираат и да преземат мерки против сторителот.

Од Здружението повторно најавуваат протести.

– Ќе органиизраме и протести и тие ќе бидат целодневни се додека не се фати и не се стави или во затвор или во некоја институција овој човек. Мора да се спречи малтретирањето на животните, рече Апостолова.

Здружението „Втора шанса“ од Кочани заедно со останатите здруженија за заштита на животните апелираат да се преземат мерки од страна на институциите, полицијата, општината, социјалните служби и да го спречат изживувањето со животните.

Преземено од Канал 8 ТВ