ПРЕД МАЛКУ НА НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ЕВЕРТОН И ТОТЕНХЕМ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА, ДОЈДЕ ДО СТРАШЕН ИНЦИДЕНТ ВО КОЈ НАСТРАДА ФУДБАЛЕРОТ НА ЕВЕРЕТОН, АНДРЕ ГОМЕШ.

Во борба за топката дојде до судир меѓу Гомеш и фудбалерот на Тотенхем, Хунг Сон, а по незгодниот пад на теренот пукна глуждот на некогашниот играч на Барселона.

Шокираниот Сон бараше помош и плачеше на теренот.

Шокираните соиграчи се држеа за главите, а тешко повредениот Гомеж лелекаше во болка.

Веднаш беше изнесен од теренот, а натпреварот продолжи и заврши со нерешен резултат.