Српските медиуми ја шокираа српската јавност  со фотографија која веќе го обиколи регионот. Во студената и замрзната река Сава крај Шабац, 42 годишен татко во раце го држи својот деветмесечен син само во бебешко боди. Таткото е дел од скокачите по крстот, но како што известуваат медиумите од соседството, и другите негови синови редовно ги носи на оваа традиционална манифестација.

 

Ivan Jankovic, brat bebe, najmlađi je učesnik ovogodišnjeg plivanja za časni krst u Šapcu

Најмалиот син на Бранко Јанковиќ има само 9 месеци, а со него се и браќата Иван 12 години и Александар 17.

Децата велат дека им е студено, но дека се горди што се дел од манифестацијата.

Поголем дел од јавноста во Себија на оваа семејна ,,традиција,, гледа со загриженост и осуда.