Здружението НАТУРА ЛАБ Лабуниште, објави шокантни фотографии од остатоци животни , најверојатно заклани за Курбан Бајрам.
Внатрешни органи и други остатоци од мртви животни се оставени покрај самиот пат , кој води до еден од поубавите манастири во Калишта.

Неодамна на социјалните мрежи беше објавена фотографија од Гостивар на која се гледа преполн контејнер со коски од животни.

Ова е човечка и еколошка катаклизма. Надлежни, веднаш брза и енергична акција да се стави крај на ова безумие.