,,Индиферентност за која е тешко да се најде изговор“.

Вака дел од руските медиуми ја коментираат шокантната снимка од безбедносните камери во рускиот град Новосибирск.

Имено, човек со знаци на мозочен удар и во бессознание, беше изнесен од трамвај и оставен на постојката, по што возачката на трамвајот и нејзините помошници, сосема студено се качија и го продолжија патот.

Сепак, дел од случајните минувачи застанаа и разговараа со човекот кој имал и инсулинска криза и повикаа Брза помош, која дојде по половина час.