Шок за Шкендија, Борец остана непоразен во мечот против Вардар

Второ коло во ПМФЛ и втор пораз на актуелниот шампион Шкендија, овој пат загуби на гостувањето кај Силекс со 1-0 додека скопски Вардар одигра само 0-0 на гостувањето кај Борец во Велес.

Шкендија има лош почеток на новата сезона, по поразот од Академија Пандев во првото коло, тетовскиот тим денеска загуби кај Силекс во Кратово.

Единствениот гол беше дело на Дурански во 48 минута. Борец пред полни трибини го пречека Вардар на мечот кој завврши 0-0.

Последниот период од мечот Вардар го играше со играч повеќе откако Петров во 75. минута заработи втор жолт картон. Скопскиот тим во финишот ги имаше најдобрите шанси, но не успеа да ги искористи и од Велес си оди само со еден освоен бод.

Немаше погодоци ниту на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.

Ренова со 2-1 ја победи екипата на Струга Трим Лум. Домаќините поведоа со гол на Селмани во 30. минута.

На почетокот од вториот дел Струга изедначи со погодок на Цветановски. Ренова дојде до победа со гол на шест минути до крајот на мечот  кој беше дело на Адеми.

ПРВА ЛИГА, ВТОРО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

БОРЕЦ – ВАРДАР 0-0
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-0
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-1
МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0

Табела: Ренова 6, Македонија ЃП 4, Академија Пандев 4, Работнички 3, Струга ТЛ 3, Шкупи 3, Силекс 3, Вардар 1, Борец 1, Шкендија 0.