Најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ ги заврши настапите на Индијан Велс откако во два сета беше поразен од Филип Колшрајбер.

Германецот славеше со 6-4 и 6-4 и му нанесе пораз на Ѓоковиќ кој тенискиот свет не го очекуваше. Колшрајбер во следното коло се среќава со Монфис.

Во четврото коло пласман обезбедија Рафаел Надал откако славеше победа над Шварцман од Аргентина, Роџер Федерер кој беше подобар од сонародникот Стан Вавринка.

Изненадување приреди и пољакот Хуберт Хуркач, тој во три сета беше подобар од шестиот фаворит Осака од Јапонија.